По распитот на Јелена Ј.(35), осомничена за проституција, на предлог на Третото јавно обвинителство и е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
– Третото основно јавно обвинителство Белград по сослушувањето на Ј.Ј.(35), осомничен за сторено кривично дело посредување при проституција од член 184 став 1 од Кривичниот законик предложил притвор во траење од 30 дена, што е определено со решение на Судот – наведуваат во Обвинителството.
Таа е обвинета дека наоѓала клиенти и ги договарала нивните состаноци и средби со девојки кои се занимавале со елитна проституција.
Според неофицијални информации, меѓу девојките кои работеле кај неа била и учесничката на реалити и зајачица на Плејбој Мартина Рајиќ.
– Јелена Ј, која беше задолжена да наоѓа клиенти и да контактира со нив, а потоа да им праќа девојчиња, 40 отсто од заработката чуваше за себе, а 60 отсто одеше кај девојките – велат од обвинителство.
Цените за услугите што ги давале девојките се движеле од 1.000 до 5.000 евра.
Освен Јелена Ј., за посредување во проституција уапсени се и Душан Бањац, менаџерот на пејачката Каја Остојиќ, како и фитнес тренерот Никола Анѓелиќ.
Во акцијата на полицијата уапсена е и ријалити ѕвездата и Плејбој зајачица Мартина Рајиќ, но таа нема да биде изведена на распит во Третото основно обвинителство, туку ќе одговара како прекршок и ќе биде сослушана како сведок.
