На Македонија и се достапни програмите од Креативна Европа на ЕУ со фонд од 2,44 милијарди евра до 2027 година

Владата денеска на 120. седница го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на договорот со Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише договорот.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, согласно овој договор, Република Северна Македонија, преку Министерството за култура, ќе учествува во оваа програма со вкупен износ од 1,14 милиони евра, распределени во седум години со што се стекнува со пристап до буџетот на Програмата Креативна Европа (2021-2027) кој изнесува 2,44 милијарди евра.

-Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизвиците со кои денес се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, а нејзини приоритети се заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разновидност и наследство, како и зајакнување на конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор, се наведува во соопштението.

Поврзани вести

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки...

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ денеска кандидатура за претседател на партијата поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе...

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Пилотите на двата воено-транспортени авиони им оддадоа почит на семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија

Четворица пилоти од двата воени авиони, кои денеска пристигнаа од Бугарија на скопскиот аеродром за да ги пренесат жртвите од страшната несреќа која се случи на автопатот „Струма“, им оддадоа почит...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...