Во Мадрид се одржаа масовни демонстрации во кои учествуваа 50.000 луѓе со барање за повисоки плати. Демонстрантите инсистираа луѓето да не се осиромашуваат поради растот на цените.
Шпанија успеа да ја контролира инфлацијата. Нејзиниот врв беше во лето. Тогаш беше регистрирано највисокото ниво во последните 38 години – 10,8%. Следеше забавување и во октомври инфлацијата падна на 7,3%.
Протестот доаѓа во време кога шпанската левичарска влада преговара со синдикатите и бизнис групите за ново зголемување на минималната плата, која во моментов е 1.000 евра. Левичарските партии бараат зголемување од 10 проценти.