Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан повторно ја изненади јавноста со ново признание.
Откако се разведе од милијардерот и рапер Канје Вест, таа не престанува да ги покрива насловните страници на бројни списанија, а сега повторно се најде во центарот на медиумските случувања.
Таа изјавила дека сака да отвори адвокатска канцеларија, а сето тоа го кажала во интервју за Вог Хонг Конг.
– Сонувам да создадам успешна адвокатска канцеларија, по примерот на татко ми Роберт Кардашијан, кој беше познат адвокат.
Кардашијан се осврна и на фактот дека нејзиниот татко значително влијаел таа да тргне по неговите стапки.
– Дефинитивно на мене влијаеше поминувањето време со татко ми во неговата канцеларија. Желбата да се занимавам со оваа работа е во мојата душа со години и многу сум горда што сега ја реализирам.
Таа претходно спомна дека би сакала да биде истражувач на местото на злосторството или адвокат.
Потоа се осврна на фактот дека ако стане адвокат, тоа ќе ја зближи со нејзиниот татко. Таа почна да студира минатата година и успешно ги положи првичните испити, но нејзиниот интелектуален напредок го спречи бурниот развод. Кога го решила тоа, повторно се посветила на книгите.
Во оваа идеја ја поддржува и нејзиното ново момче Пит Дејвидсон, кој наводно се истетовирал со „мојата девојка е адвокат“.
