На Нетфликс пристигна филм за силувач монструм – страшно ги вознемири гледачите

Филмот „Кривленд киднапирање“ пристигна на стриминг сервисот Нетфликс, а гледачите се прилично вознемирени од она што го видоа.

Овој филм е инспириран од вистинска приказна која започнува во Кливленд во 2002 година, кога Ариел Кастро ја киднапирал Мишел Најт, првата од неговите три жртви, која ја затворил во својот дом и ја мачел со години.

Мишел, која ја игра Терин Менинг, исчезнала на 23 август 2002 година, откако ја напуштила куќата на нејзиниот братучед.

Мишел за време на киднапирањето имала 21 година и била самохрана мајка, по што монструмот ги киднапирал 17-годишната Аманда Бери и 14-годишната Џина Дезизус. Мишел била во притвор 11 години, а била спасена откако Аманда Бери успеала да побегне и да повика полиција во 2013 година.

Кастро на крајот беше осуден на повеќе од 1.000 години затвор без можност за условно ослободување. Монструмот изврши самоубиство во затворската ќелија само еден месец откако беше прогласен за виновен.

Гледачите се прилично вознемирени од она што го виделе, посочувајќи дека филмот е полн со морничави сцени.