Денеска во Брисел ќе се одржи нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи, јави српската телевизија Ен1.
Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, ќе ја претставува Србија, а на средбата ќе учествува и главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими. Домаќин на разговорите ќе биде специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
Белград не ја признава независноста на поранешната српска покраина Косово од 2008 година.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано вчера изјави дека на денешната средба ќе се разговара за енергетски договор.
Според европски извори, енергетиката и прашањето за исчезнатите лица се двете теми за кои има приближување на ставовите и има реална можност да се постигне договор.
