Живот

На одмор сте во Хрватска? – Внимавајте, може да ве казнат за оставање крпи на плажа

Една од омилените активности на многумина од туристите во регионот е и оставањето на пешкири на плажа од раните утрински часови со цел да си обезбедат подоцна место.

Сепак, оваа активност отсега ќе се казнува, а прва со оваа забрана започна општината Медулин.

Таму градските комунални служби овие денови одзедоа десетина крпи, лежалки, чадори, папучи, а во следниот период кога туристите ќе дојдат на своето место ќе ги чека казна.

Комуналните служби на почетокот само ќе опоменуваат, а подоцна казните ќе се движат од 10 до 30 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни