На протестот во Скопје по повод шест месеци од страшната несреќа во Кочани, граѓаните имаат можност да остават пораки за поддршка до семејствата на загинатите.
Сите пораки, напишани со многу емоции и солидарност, ќе бидат собрани и однесени директно до нив.
Ова е гест на сочувство и надеж дека не се сами во нивната борба за правда.