Познатото британско кралско семејство му упати забрана на војводата од Јорк, принцот Ендрју да вечера со својот брат, принцот Чарлс.
Забраната важи и за другите членови на семејството.
Покрај тоа, на принцот, кому му се суди за сексуален напад врз малолетничка, на вечерата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“.
Сепак, тој присуствуваше на оваа вечера и тоа како приватно лице.
Гласноговорникот на „Кларенс хаус“ истакна дека „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“.
Инаку, Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба кога таа се уште била тинејџерка.
Таа тврди дека била и жртва на трговија на милијардерот Џефри Епштајн.
Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.
