На пробата на израелскиот претставник на Евровизија се случи инцидент

На последната проба пред второто полуфинале на Евровизија дошло до инцидент во публиката.

Додека говореше претставникот на Израел, двајца мажи држаа забранети пропалестински симболи – знаме и марама популарно наречена „палестинска“. Обезбедувањето веднаш им ги одзеде симболите и ги спроведе надвор од салата.

Палестинските симболи се строго забранети

Организаторите на Евровизија претходно објавија дека „го задржуваат правото да ги отстранат сите палестински знамиња и пропалестински симболи за време на натпреварот“. Тоа значи дека е забрането внесување пропалестински симболи во салата, а надзорот се очекува да биде особено строг вечерва кога Израел ќе настапи во втората полуфинална вечер.

Мишел Роверели, шефица за комуникации за натпреварот, додаде дека на посетителите им е дозволено да носат и да покажат само знамиња кои ги претставуваат земјите кои учествуваат на настанот, како и знамето на ЛГБТ виножитото, пренесува Индекс.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното