Луѓето кои отсекогаш сакале да живеат како кралско семејство, а имаат доволно средства да си го дозволат тоа, сега можат да купат луксузна палата во Лондон
Овој имот е наречен „Ловечка куќа“, а потсеќа на замок и се наоѓа во населбата Белсајз.
Изграден е во 1810 година, по идеја на архитектот Џозеф Паркинсон, а неодамна била и реновирана, па затоа сега има нови простории и цел додаден кат.
Замокот има четири ката и зафаќа површина од над 700 квадратни метри. Внатре има шест спални соби, а дел од имотот е библиотека. Во подрумот на замокот има голем затворен базен, просторија за забава, вежбалница, сауна, соба за одмор, и кино.
Има и градина со горно и долно ниво, и секоја нуди пристап до надворешните градини свртени кон југ, а за љубителите на вино, има и добро опремена визба, како и посебна просторија за дегустација.
На погорните катови се дневната соба, канцеларија, соба за цртање и други простории за дневен престој.
Цената на овој имот е 17,5 милиони фунти.
