Неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија „Таката“ можеби се вградени во приближно 30 милиони возила во САД, а токму ова сомнение го истражува американската национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Се работи за автомобили кои биле произведено од околу 20 компании меѓу 2001 и 2019 година, а меѓу нив се и Хонда мотор, Форд, Тојота, Генерал моторс, Нисан, Субару, Тесла, Мазда и БМВ.
Јапонската компанија се најде и меѓу сличен скандал во 2014 година, а според американските регулаторни тела, воздушните перничиња направени од јапонската компанија поради дефект и во случај на несреќа може да не се отворат правилно или да пукнат и да се распрснат врз луѓето.
Како последица на ова, досега загинаа најмалку 20 луѓе во светот, додека пак стотици се повредени.
Најмалку 100 милиони возила од различни марки беа повлечени од пазарот поради неисправни воздушни перничиња, а во 2017 година „Таката“ објави стечајна постапка.
