Кристијано Роналдо по долгогодишно барање, најде сродна душа во Џорџина Родригез.
Фудбалскиот ас отсекогаш сонувал за големо семејство кое го основал со Џорџина, а колку е среќен говори и тоа што сака да му ги исполни сите желби. Поранешната манекенка е бремена, парот чека близнаци, па затоа прославата на нејзиниот 28 роденден мораше да биде посебна.
Најпознатиот фудбалер на светот ја изненади својата избраничка со оригинален скап подарок.
Имено, на Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот, тој објави фотографија од неа со специјална роденденска честитка. Манекенката на Инстаграм покажа дел од оваа прослава, но и својот гламурозен подарок.
Родригез и Роналдо добија ќерка Алан (4), а тој го има синот Кристијано Роналдо Јуниор (11) и близнаците, ќерката Ева и синот Мате (4), кои ги доби со помош на сурогат мајка, а семејството наскоро ќе има двојно засилување.
