Анонимно девојче на Редит раскажа како нејзината сестра, инаку самохрана мајка која не може да си дозволи дадилка, ја замолила два часа по ред да ги чува седумгодишниот син и петмесечната ќерка.
Таа веднаш со задоволство се согласила да се грижи за своите внуци, но момчето брзо и се налутило бидејќи таа му забранила да скока на каучот.
„Му објаснив дека може да се повреди, а тој „полуде“ по тоа… Не е важно, нормално е децата да имаат „испади“, не ми пречи тоа“ – вели таа.
Штом се врати мајка му, тој почна да ги превртува очите и да се оддалечува од својата тетка, велејќи дека таа донела момче во станот и дека ниту него, ниту на неговата сестра не им дала нешто за јадење …
- „Сестра ми со право се загрижи и почна да истражува што се случило, а јас само одмавнав со главата, и реков дека лаже и дека ако сака да ја погледне снимката од камерата која е постојано вклучена“ – пишува таа, и додава дека сестра и била многу вознемирена и не сакала повеќе да слушна, а и рекла дека ако не си оди веднаш, ќе повика полиција…
Кога се смирила и ги погледнала снимките, видела дека момчето упорно одбивало да јаде и дека никој не доаѓал, па и се извинила на својата сестра и ја прашала кога може да дојде утре.
- „Тогаш и реков дека меѓу нас е се во ред, но повеќе нема да се грижам за нејзините деца, без разлика што мојот внук има само седум години и што децата често измислуваат нешто“.
Нејзината сестра и рекла дека е смешно да му се лути на детето, но таа, вели, не сака да се грижи за децата на некој кој повеќе му верува на седумгодишното дете од неа.
- „Ти и кажа да ги провери камерите. Таа одби и ти се закани со полиција. Не можете да се преправате дека сега се е во ред“ – се вели во еден од коментарите, а со тоа се сложија и повеќето корисници на Редит, велејќи дека и тие би го направиле истото
