На смртна постела султанот Сулејман имал само 3 желби – еве кои биле

Сулејман Величествениот, познат и како Кануни (законодавец), бил образован владетел. Зборувал четири јазици: арапски, персиски, српски и чагатај (стара форма на турски).

На власт дошол кога имал само 26 години, а неговото владеење траело 46 години.

Пред неговата смрт, султанот Сулејман ги повикал комесарите и им ги издиктирал последните три желби:

  • Првата желба била неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите посмртни останки за време на погребот.
  • Неговата втора желба била златниците и скапоцените камења да останат зад поворката по патеката низ која ќе поминуваат неговите посмртни останки.
  • Третата желба беше неговите раце да излегуваат од сандакот, за да можат сите да ги видат.

Кога главниот командант на армијата, збунет од она што го слушнал, прашал за причината за таквите желби, Султанот објаснил:

Најдобрите исцелители нека ги носат моите посмртни останки за да можат сите да видат дека и тие се немоќни пред смртта.

Расфрлете го целото злато што го собирав цел живот, така што секој може да види дека се што стекнавме останува на овој свет.

Рацете нека ми излезат од сандакот за да можат сите да видат дека најголемиот падишах низ целиот свет, Сулејман Величествениот, оди во другиот свет со празни раце!