На српскиот бенд Амадеус им пукнала гума, па излетале и се превртеле со комбето!

Комбе кое ги превезуваше членовите на српскиот бенд Амадеус утрово излета од патот и се преврте. Еден од членовите на бендот сподели фотографии од местото на настанот.

„Среќата нè следеше вечерва, како што беше во текот на сите овие 25 години. Фала му на Бога што никој од бендот не е повреден. Ајде да продолжиме понатаму“, напиша Александар Станимировиќ (51), познат како Аца Амадеус. Несреќата се случила во близина на Мајданпек, град во Србија.

Александар ги даде деталите за несреќата. Имено, нивното комбе излетало од автопатот.

„Сите сме живи, малку повеќе измодри, но сите сме живи. Вечерва продолжуваме со концертите. Бог е со нас сите овие 25 години“, изјави тој. Несреќата се случила поради дупната гума.

„Гумата пукна во близина на Мајданпек додека возевме. Комбето беше целосно уништено, но фала му на Бога што сме живи. Бог навистина се грижеше за нас. Не беше наивна несреќа. Ви благодариме за вашата загриженост“, додаде тој.

Амадеус бенд е српски поп-рок бенд. Бендот е формиран во 1997 година во Лесковац. Нивните најуспешни песни се Лажу те, Није сведно, Љубав и хемија, 100% и Оверен.