Македонија

На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути

На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути

На граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час за излез и влез во државата, а на граничниот премин „Богородица“ околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни