Свет

На Трамп му е наредено за два дена да ослободи милијарди долари од блокираната странска помош

На Трамп му е наредено за два дена да ослободи милијарди долари од блокираната странска помош

Федерален судија и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ослободи милијарди долари блокирана странска помош во рок од два дена.

Тужбата беше поднесена од непрофитни здруженија поради суспензијата на странската помош преку американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, што следеше по извршната наредба на Трамп од 20 јануари, која беше насочена кон помош која, според него, била „расипничка“ и не одговарала на неговите надворешнополитички цели, објави АП.

Непрофитните организации и бизнисите кои добиваат федерални пари за да работат во странство тврдат дека замрзнувањето го прекршува законот и го прекина финансирањето дури и за најитните програми за спасување животи во странство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни