„На учениците од Караслари им се крши основното граѓанско право да учат на албански јазик“, вели Кадриу

По емитувањето на репортажата на  ТВ21 за учениците од велешкото село, Караслари, кои, иако се Албанци, не учат на албански јазик, реагираше и невладината организација “Младинска Албанска Платформа“. Од оваа организација велат дека на учениците им се одзема правото да учат на својот мајчин јазик, и дека со тоа се крши нивното основно граѓанско право. Арбр Кадриу, претседател на “Младинска Албанска Платформа“ рече дека овие ученици иако плаќаат данок на оваа држава, се целосно игнорирани од релевантните институции. Тој упати апел до премиерот Заев, да најде решение за конкретниот случај.

„Оваа бедна состојба трае со децении, оставени во заборав и милост и немилост на судбината. Албанските жители од оваа околија, главно од Велес, не се воопшто земени предвид од ниту една албанска политичка партија и државните институции. Почнувајќи од градоначалникот, Министерството за образование, Арбр Адеми па се до власта, до ден –денеска. Ние како невладина организација и јас како претседател имам одговорност да упатам повик до премиерот Зоран Заев, да најде што поскоро решение за овој случај, потенцирајќи дека  тој го крши уставното право на Република Македонија“, изјави Арбр Кадриу, претседатен на „Младинска Албанска Платформа“.

 

Извор: ТВ21