Авион принудно слетал откако крилото му се запалило за време на летот, јавува Би-би-си.
Инцидентот се случил во петокот.
Летот го оперира „Делта ерлајнс“ од Единбург до Њујорк. Тој принудно слета на аеродромот Прествик каде го пречекаа противпожарни екипи.
Авиокомпанијата им се извини на клиентите и рече дека работи на пренасочување на патниците.