Уделот на електрична енергија од ветерни фарми во Европа во текот на изминатите 24 часа е 15,2 проценти. Ова го покажуваат податоците од денешниот билтен на платформата WindEurope Power Numbers.
Ветерните турбини лоцирани на копно произведоа 12,4 проценти од вкупната количина електрична енергија (719 гигават часови), додека ветерните фарми на море учествуваа со 2,8 проценти (163 гигават часови) од неа.
Земјите во Европа со најголем удел на енергијата од ветер во вкупниот микс на електрична енергија во текот на изминатите 24 часа се Португалија (49,2%), Шпанија (28%) и Австрија (24,9%).
Најзначајни количини на електрична енергија од ветер се произведени во Германија (193,3 гигават часови), Шпанија (156,8 гигават часови) и Франција (88 гигават часови), покажува и извештајот.