Свет

Над 5.000 луѓе евакуирани во Јужна Кореја поради обилни дождови

Над 5.000 луѓе евакуирани во Јужна Кореја поради обилни дождови

Повеќе од 5.000 луѓе во Јужна Кореја беа принудени да се евакуираат бидејќи поројните дождови продолжуваат трет ден по ред низ делови од земјата, при што поплавите однесоа животи на најмалку четири лица и оштетија имот и инфраструктура, објави Ројтерс, повикувајќи се на Министерството за јавна безбедност.

Предупредувањата за обилни дождови остануваат на сила за поголемиот дел од западните и јужните региони на земјата, а метеоролошката служба повика на екстремна претпазливост од лизгање на земјиштето и поплави, при што предупредувањето е на сила до утре.

Во некои јужни делови од земјата, вклучувајќи го и градот Гвангжу, во последните 24 часа од почетокот на денешниот ден наврнаа рекордни врнежи од повеќе од 400 милиметри, соопштија властите.

Четири лица загинаа, а едно се води како исчезнато, соопшти Министерството за јавна безбедност. Двајца од нив беа заробени во автомобили на поплавени патишта, а друго почина во подрумот на имот во централната покраина Јужен Чунгчеонг. Друг возач загина кога ѕид покрај патот висок 10 метри се урна врз автомобил што минуваше во среда во градот Осан, околу 44 километри јужно од Сеул, соопшти противпожарната служба.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјеон, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста.

„Гледам дека имало случаи каде што мртвите биле жртви на слаб одговор кога ситуацијата била доволно предвидлива“, рече тој на вонредниот состанок, повикувајќи да се искористат сите расположиви ресурси за справување со ситуацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни