Македонија

Над 62 милиони возила поминале низ патарините, приходот e 66,5 милиони евра!

Над 62 милиони возила поминале низ патарините, приходот e 66,5 милиони евра!

На патарините во државата во 2024 година биле регистрирани 62,6 милиони возила, а наплатата достигнала 99,2 проценти, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Приходот од патарини изнесувал над 66,5 милиони евра, што е за 4,32 милиони евра повеќе од 2023 година.

За да се намали бројот на неплаќачи, во втората половина од годината биле спроведени 23 контроли со помош на Државниот инспекторат за транспорт и МВР.

Електронската наплата учествувала со 33 проценти, а од 2019 година досега продадени се над 242.000 уреди за електронска наплата, со вкупен промет од 3,5 милијарди денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни