Над 80 дуќани во ГТЦ затворени – се издаваат без кирија, сметките „изгор“, дел од нив паушални

Дуќанот се издава или дуќанот се продава, е најчестата налепница на продавниците во Градскиот трговски центар. Поради корона кризата и малата заработка некои од нив кои затворија, сега не бараат кирија за нивните дуќани, затоа што давачките за струја, вода, клима и осигурување се високи. Над осумдесет дуќани се затворени. Еден од нив е и дуќанот на Еркин Ајдини од Скопје, тој го поседува дуќанот од 98 година. Сега го издава без кирија.

„Да немаме толку давачки затоа и објектот го даваме без кирија. Само да работи некој. Но нема заинтересирани“, истакна Еркин Ајдини.

Причината за тоа што нема заинтересирани е поради високите сметки кои им стигаат. Дел од дуќанџиите велат дека некои сметки се паушални. Има и дуќани кои одамна не работат, но сметки за потрошена електирна енергија и греење сепак им пристигнуваат.

„Имаме проблем со дирекцијата. Сметките ни пристигуваат како да е отворен дуќанот. Ни земаат пари и за клима, вода и осигурување. Сметките се над 20 илјади денари. Неколку години не ги плаќав сметките и од ГТЦ ме дадоа на извршители. Четири години ми беше блокирана сметката ми ставија и камата. Ми земаа 650 илјади денари. Над 10 илјади вера“, посочи Еркан Ајдини. 

Ѓоко Трајчевски директорот на ГТЦ вели дека нема ништо без пари. Тој тврди дека мора да има давачки за да функсионира трговскиот центар.

“Нема ништо без пари. Има една поговорка која вели Затворен дуќан е најскап дуќан. Значи нема ништо без пари. За да се одржува објектот мора да го финансира некој. Објектот е 120 илјади квадрати. ГТЦ има 9 трафостаници што го опслужува и што го одржува системот во кондиција. Ако не плаќаме нема да биде во фукција“, посочи Ѓоко Трајчевски.

Голем број од дуќаните ставија катанец на нивните врати поради корона кризата. За да заживе ГТЦ има и свирки кои се организираат во внатрешноста. Но, сепак кризата удри врз џебот на граѓаните и бројот кој го посетуваат или пак купуваат е значајно намален.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното