Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност за една година е намалена за 1,5 процентни поени и изнесува 11,3 проценти. Сепак, таа и натаму е значително повисока во споредба со земјите од Европската Унија.

Особено загрижува растот на неформалната вработеност. Во второто тримесечје од 2026 година, 101.022 лица работеле неформално, што е зголемување од 7,2 проценти во однос на претходниот квартал. Најголем дел од нив, или 51.487 лица, се ангажирани во земјоделството, шумарството и рибарството, додека 17,2 проценти се во градежништвото.

Економистите оценуваат дека податоците укажуваат на структурни слабости на пазарот на трудот. И покрај тоа што има над 10 илјади слободни работни места, голем број невработени немаат соодветни квалификации за потребите на современата економија. Како решение се посочуваат доквалификација, обуки за технолошки напредни индустрии и поголема мотивација за професионален развој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни