Македонија

Над илјада грла добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка – граѓаните најавуваат блокади

Над илјада грла добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка – граѓаните најавуваат блокади

Проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка станува сè посериозен. Општината бара итно институционално решение и законски механизам со кој ќе се овозможи организирана интервенција со јасни надлежности и ветеринарен надзор.

Градоначалникот Митовски апелираше до Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство да ѝ овозможат на локалната самоуправа законски мандат за постапување.

„Повеќе од две години постојат правосилни и извршни решенија за одземање на добитокот. Државата донела одлуки, но таа сè уште не е целосно спроведена. За тоа време проблемот расте, штетите се зголемуваат, а граѓаните со право ја губат довербата во самите институции“, истакна Митовски.

Тој посочи дека општината е подготвена да преземе поголема оперативна улога, веднаш штом ќе бидат обезбедени неопходните законски услови.

Локалната самоуправа претходно побара од Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба поради недостигот на возила, капацитети и простор за сместување на заловените животни.

Над илјада грла добиток и натаму неконтролирано се движат низ населените места, уништувајќи земјоделски насади, оштетувајќи јавен и приватен имот и загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот.

Револтирани поради долгогодишниот проблем, дел од жителите најавуваат можна блокада на магистралниот пат кон граничниот премин со Бугарија.

Проблемот со добитокот во Крива Паланка деновиве го привлече вниманието и на странските медиуми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни