Цените на нафтата денеска се обидуваат да ги закрепнат своите позиции по остриот пад на квотите во вчерашната трговија, информира Асошиејтед прес.
Американската лесна сурова нафта додаде 4 центи на 76,70 долари за барел, откако вчера загуби 92 центи на 76,66 долари за барел.
Брент, репер за европскиот пазар, исто така порасна за 4 центи на 82,70 долари за барел, откако вчера се повлече за 63 центи на 82,66 долари за барел.