Свет

Нафтата благо поскапе – сортата „брент“ за 24 центи

Нафтата благо поскапе – сортата „брент“ за 24 центи

Цените на нафтата благо пораснаа во азиската трговија денеска поради техничките корекции, но останаа на курсот за неделна загуба поради стравувањата дека наглото зголемување на каматните стапки ќе му наштети на глобалниот раст и побарувачката на нафта, објави Ројтерс.

Брент, европскиот репер, додаде 24 центи, или 0,3 отсто, на 91,08 долари за барел.

Американската лесна сурова нафта додаде 10 центи, или 0,1 отсто, на 85,20 долари за барел.

Сепак, и двете сорти изгубија 1,9 отсто од вредноста за оваа недела.

„Утринскиот пораст на цената на нафтата може да се опише само како краткотрајна техничка корекција бидејќи одборот на Федералните резерви на САД ќе ја зголеми основната каматна стапка за 75 или 100 базични поени следната недела“, рече аналитичарот Леон Ли од „CMC Markets“. (CMC Markets).

Иако веројатноста за зголемување од 100 базични поени е релативно мала, тоа ќе создаде несигурност на пазарот. Значи, постои ризик дека цената на нафтата ќе падне уште повеќе следната недела, додава тој.

Двата нафтени репери се на пат за трета последователна недела на загуби, делумно поради силниот долар што го прави црното злато поскапо за клиентите кои користат други валути.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни