Свет

Нафтата достигна највисоко ниво од 2014 година – 113 долари за барел

Нафтата достигна највисоко ниво од 2014 година – 113 долари за барел

Како што продолжуваат борбите во Украина, исто така продолжува да се зголемува глобалната ценз на нафтата – и покрај новите мерки насочени кон смирување на пазарите.

Суровата нафта од типот „брент“ – меѓународниот репер за цените на нафтата – достигна 113 долари за барел, што претставува највисоко ниво од јуни 2014 година.

Тој се зголеми дури и откако членовите на Меѓународната агенција за енергетика се согласија да ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за итни случаи.

Русија е еден од најголемите производители на енергија во светот и инвеститорите се загрижени дека може да бидат засегнати испораките на нафта или гас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни