Македонија е единствена земја која има нафтовод на своја територија, a не го користи

Македонија е една од ретките а можеби и единствена држава која на својата територија има нафтовод што не го користи.

Изминуваат 11 години откако беше прекинат транспортот, на сурова нафта преку нафтоводот Скопје-Солун, откако грчката компанија „Хеленик Петролеум“ оцени дека неговото работење е непрофитабилно.

Овој инфраструктурен проект е изграден во 2002 година, во должина од 213 километри, и носивост на транспорт од 2,5 милиони нафта на годишно ниво.

Неговото повторно рестартирање почнува да се најавува од страна на властите во изминативе три години.