Половина од нас секојдневно кажуваат лаги поради доцнењето, а најчесто го користиме изговорот дека сме влегле во сообраќаен метеж, открива ново истражување.
Вториот најпопуларен изговор е тврдењето дека не сме го слушнале алармот. Анкетата открива дека Британците знаат да одат дотаму што тврдат дека се изгубени, а често го обвинуваат јавниот превоз, пишува MailOnline.
Истражувањето покажало дека дури 75 отсто од луѓето редовно кажуваат лаги во обид да се извлечат од непријатна ситуација, а 48 отсто признаваат дека ги кажуваат секојдневно.
Психолозите објаснуваат дека тајната на убедливото оправдување е дека изговорот содржи жалење и се изговара како и вие самите да верувате во тоа.
Психологот Арик Сигман објаснува дека пристојниот изговор ни овозможува да преговараме за нашите чувства без некој да биде повреден.
„Совршениот изговор е делумно уметноста, а делумно логиката и содржината и формата, и како го правиме тоа се подеднакво важни“, вели тој.
Според Сигман, една од клучните состојки на совршениот изговор е автентичноста, бидејќи изговорот мора да звучи реално и искрено за да биде прифатен како нешто што може секому да му се случи.
Таа мора да биде посебна и убедлива со елементи од вашите животни околности. Кога ќе најдете изговор, замислете што би можело да биде прифатливо за другата личност, додадете малку жалење и покажете разочарување бидејќи не можете да ги исполните обврските. Пред да понудите алиби, мора да се убедите себеси дека тоа што го кажувате е вистина.
10 најчести изговори за доцнење:
- Имаше метеж.
- Не ми заѕвони будилникот.
- Се изгубив.
- Автобусот/возот доцнеше.
- Колата не сакаше да запали.
- Моето дете е болно.
- Заглавен сум во снег.
- Ми се расипа колата.
- Партнерот се разболел.
- Не можев да ја најдам бебиситерката.
