Свет

Најдена црната кутија на срушениот „Боинг“

Етиопската национална телевизија објави дека е пронајдена црната кутија на „Боинг 373 Макс“ кои се сруши вчера по полетувањето од Адис Абеба.

Во авионот на „Етиопија Ерлајнс“ беа 157 лица,149 патници и осум членови на екипажот. Никој не преживеа.

До сега не се знае точната причина за падот на авионот, но црната кутија може да даде одговори на многу прашања за причината за падот. Наводно пилотот побарал дозвола да се врати на аеродромот, што му било одобрено.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни