Здравје

Најдобар тип на тренинг за топење маснотии на стомакот

Секој тренинг е подобар од ниеден, но еден тренинг особено добро делува на маснотиите што се наталожуваат околу стомакот.

Најдобар тренинг за топење маснотии е тренинг со висок интензитет и топење најмногу калории за најмало време. Трчањето и возењето велосипед се исто така одлични опции, како и пешачењето, за да се избегне седентарен начин на живот. Сепак, интервалниот тренинг со висок интензитет е најдобриот избор за салото на стомакот.

На крајот на краиштата, овој тип на тренинзи најлесно се вклучува во распоредот бидејќи не мора да трае долго, а е афективен. Овој тип на тренинг вклучува скокање, тренинг со тегови и кардио вежби кои го зголемуваат бројот на отчукувања.

Како заклучок, овој тип на тренинг го активира целото тело, но е одличен конкретно за абдоменот бидејќи се активираат мускулите на јадрото.

Тренингот не е доволен

Секако, доколку сакате рамен стомак, не е доволно само редовно да тренирате. Исто така, треба да имате урамнотежена исхрана полна со здрава храна. Диетата сочинува 80%, а можеби најдобриот потег од сите е да го намалите внесот на преработен шеќер. Исто така, простите јаглехидрати заменете ги со сложени, пишува Eat this.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни