Најголем број на заразени во Светот – над 628 илјади за еден ден

Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани рекордни 628.136 случаи на коронавирус во Светот, додека починаа 9.623 лица.

Според податоците на СЗО, вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата достигна 52,48 милиони, а починаа 1,29 милиони.

Претходно највисока бројка на заразени на дневно ниво во Светот е забележана 7. ноември, кога беа регистрирани 613.977.

Најмногу случаи има во Европа, каде што се 46% од заразените. Следуваат Јужна и Северна Америка, па Азија.

По земји, најголем број на заразени има во САД, по кои следуваат Инидја, Бразил и Русија.

.

Извор: ТВ21