Свет

Најголемата заплена на кокаин во историјата – 3,4 тони

Полиција од Парагвај заплени над 3,4 тони кокаин во близина на главниот град Асунсион денес, а дрогата била скриена во магацин за шеќер.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Парагвај, додаде полицијата, пренесува Танјуг.

Директорот на полицијата Луис Аријас пред новинарите изјави дека кокаинот бил пронајден во предградието Фернандо де ла Мора, а шверцерите се подготвувале да го истоварат со пратка шеќер, објави Ројтерс.

„Станува збор за повеќе од 3.400 килограми кокаин. Ова е заедничка акција на единицата за наркотици и обвинителството, траеше скоро еден месец“, рече Ариас, додавајќи дека не е познато каде требало да биде испратен кокаинот.

Претходно, најголемата заплена на кокаин во Парагвај се случи во октомври 2020 година, кога полицијата откри 2.900 килограми дрога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни