Најмалку 15 Палестинци загинаа рано утринава во израелски бомбардирања во централниот и јужниот дел на Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција Вафа, цитирана од Ројтерс.
Тринаесет лица загинаа во израелски напад врз зграда во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а една жена и нејзиното дете беа убиени во јужниот град Кан Јунис, пренесе ВАФА.
Израелската армија утрово уби двајца Палестинци во операција на Западниот Брег, јави агенцијата УФА.
Израелските сили го застрелале и го убиле 46-годишниот инвалид Исам ал-Фајед на влезот во бегалскиот камп Џенин, пренесе агенцијата.
Друг Палестинец, 20-годишниот Омар Лахам, загина од прострелна рана во главата за време на судирите со израелските сили во бегалскиот камп Дејшех јужно од Витлеем, јави ВАФА.
Од своја страна, израелската армија објави дека уште двајца свои војници загинале во Газа, со што вкупниот број на израелски војници загинале досега во војната со Хамас на 58.