Свет

Најмалку 25 повредени цивили во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку 25 повредени цивили во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку 25 цивили се повредени во ракетен напад врз Краматорск, Доњецк, извршен од страна на руските сили, соопшти Советот на градот на Телеграм.

– Уште еден ракетен напад врз Краматорск. Беше опасен, се случи синоќа во населени места и во централниот дел на градот, се наведува во објавата на Телеграм.

Претходно, гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај изјави дека во синожешното гранатирање на руските сили загинале петмина цивили.

Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ, откако претходно се обиде да го опколи и заземе главниот град на Украина, Киев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни