Свет

Најмалку 66 загинати и 101 исчезнато лице во поплавите во Бразил

Најмалку 66 загинати и 101 исчезнато лице во поплавите во Бразил

Локалната цивилна одбрана денеска соопшти дека најмалку 66 лица загинаа, а 101 се водат како исчезнати во јужниот дел на Бразил, кој беше погоден од силни поплави по обилните дождови.

Во бразилската држава Рио Гранде до Сул, повеќе од 80.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, а 15.000 се сместени во засолништа.

Делови од Бразил веќе неколку дена се зафатени од силни поплави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни