Свет

Најмалку 78 лица загинаа на хуманитарен настан во Јемен

Најмалку 78 лица загинаа на хуманитарен настан во Јемен

Најмалку 78 лица загинаа во стампедо во јеменскиот главен град Сана. Повредените се повеќе од стотина. Трагедијата се случила за време на хуманитарен настан за Рамазан.

Стотици луѓе се собраа пред училиштето за да добијат донации во вредност од 9 долари по човек.

Главниот град е под контрола на бунтовниците Хути, кои, според очевидци, пукале во воздух во обид да ја контролираат толпата и удриле во електрична жица. Ова предизвика паника и луѓето почнаа да се тепаат.

Приведени се двајца организатори на настанот, по идеја на трговци без консултација со локалните власти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни