Свет

Најмалку седум лица загинаа во автобуска несреќа во Турција (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа во автобуска несреќа во Турција (ВИДЕО)

Најмалку седум турски државјани загинаа откако автобус се судри со камион и се запали. Ова го соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, цитиран од Ројтерс.

Уште 11 лица се повредени во инцидентот во источната провинција Агри, на границата на Турција со Ерменија и Иран.

Од местото на настанот избил густ црн чад, а според извештаите на локалните медиуми патниците се здобиле со тешки изгореници.

Од МВР соопштија дека се испратени голем број екипи, а спасувачките операции се во тек.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни