Пораст на бројот на поплаките во банките забележува Народната банка во текот на 2022 година, при што и натаму преовладува придонесот на големите банки. Вкупниот број на поплаки доставени до банките и штедилниците во 2022 година изнесува 5.142 наспроти 2021 година, кога изнесувал 4.091 поплака. Во 2022 година од вкупниот број поплаки, 3.751 поплака (или 73 проценти) отпаѓаат само на две банки, пишува Блумберг Адриа.
„Бројот на поплаки кај групата големи банки има најголемо учество во вкупниот број поплаки од 90,76 проценти во 2022 година. Групата на средни банки бележи значително намалување на поплаките во 2021 и 2022 година. Групата на мали банки наспроти растот на поплаките (за 21,2 проценти) во 2021 година бележи значително намалување на поплаките во 2022 година (за 44,4 проценти).“, информираат од Народната банка.
