Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 45 см

Најмногу снег на Попова Шапка, измерени 45 см

Утрово најстудено е во Берово, Попова Шапка, Пожаране и Маврови Анови каде се измерени 0 степени.

Следуваат 1 степен во Крива Паланка, Kрушево, Прилеп, Тетово, 2 Ѓуриште, Битола, Лазарополе, 3 Скопје-Петровец, Кавардарци, Тополчани, 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Претор, Охрид, 5 Куманово, Виница, 6 Струмица, 7 Демир Капија, Штип, Гевгелија.

Снежна покривка најмногу има на Попова Шапка каде се измерени 45 см, 16 см има во Крушево, а 9 во Маврови Анови.

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни