Ким Кардашијан (40) беше забележана во бизарно издание, и повторно стана главна тема на гласините.
Имено, таа пристигна во Њујорк каде ќе присуствува на „Мет Гала“.

Најпознатата старлета на светот пристигна во кожен костим, вклучувајќи и маска што ја носеше преку лицето.
Сосема спротивно на нејзиниот стил, откако се прослави со провокативни изданија и изјавата „ќе сликам голи селфи додека не умрам“, Ким сега се прошета во издание во кое малкумина би ја очекувале.

Над кожниот костум, Ким се одлучи и за кожно палто, кое го комбинираше со црни кожни чизми и ракавици, а единственото нешто што се истакна беше сребрената чанта.
Таа целосно го скри лицето под црна кожна маска која има патент однапред, како и два помали патенти каде што треба да бидат очите. Од сето она по што можеше да се препознае, остана само долгата коса.

ФОТО: Profimedia
