Oрангутанot по име Џеки, го прослави својот 46.роденден во Зоолошката градина на Бали. Тој е најстар орангутан во градината.
Џеки за својот роденден доби овошна торта, а бројните посетители имаа можност да бидат сведоци на неговото уживање во десертот.
Тој е најстариот орангутан на Бали и неговата роденденска прослава ја одбележува и кампањата Cinta Orangutan (Орангутанска Љубов). Кампањата има за цел да ги заштити загрозените видови орангутани во Индонезија со решавање на проблемот со нелегалната сеча во Националниот парк Гунунг Палунг, кој се наоѓа во Западен Борнео.
Кампањата обезбедува одржлива егзистенција за дрвосечачите преку програмата „Откупување со моторна пила“.
