Најстудено утрово во Берово, измерени -3 степени

Утрово најстудено е во Берово каде што се измерени -3 степени, додека под нулата се и во повеќе градови низ земјава. Според официјалните мерења, -2 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, а -1 во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.

Нула степени се измерени во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, додека 1 степен е измерен на Скопје-Зајчев Рид. Повисоки утрински температури има во Маврови Анови со 2 степени и во Крушево и Виница каде се измерени 3 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната покривка достигнува 91 сантиметар.

Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Во западните делови ветерот ќе биде од западен правец, додека во источните региони и долж Повардарието ќе дува од северозападен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 11 и 17 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој попладне во делови од котлината повремено ќе засилува од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 14 степени.