Најзадолжени Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, предлог-закон за исплата на долговите на општините

Предлог законот со кој се предвидува да им се исплатат долговите на општините што имаат доспеани, а неисплатени обврски, по скратена постапка помина на Законодавно правната комисија.

Предлогот наскоро ќе се најде пред пратениците кои ќе го имаат финалниот збор за тоа дали на сметките на локалните самоуправи ќе легнат скоро 50 милиони евра буџетски средства.

Инаку, заклучно со септемрви оваа година општините пријавиле долг од 97,5 милиони евра. Најголеми долгови имаат општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, а најмали Валандово и Дојран.

Извор: ТВ21