Намален бројот на исчезнати во смртоносниот пожар во Хонг Конг, бројот на жртви останува 128

Властите во Хонг Конг денес соопштија дека бројот на исчезнати лица во пожарот во станбен комплекс е намален од 200 на 150, додека бројот на загинати останува 128, изјави полициски службеник.

Службеникот истакна дека се очекува бројот на жртви да се зголеми по завршувањето на истрагата, пренесува Ројтерс.

Поради трагедијата и големиот број жртви, во Хонг Конг денес започна тридневна жалост.