Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени 3.684 деца

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени 3.684 деца

Македонија и натаму се соочува со неповолни демографски движења, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2026 година се регистрирани 3.684 живородени деца, што е намалување од 3 отсто во однос на истиот период лани.

Истовремено, во периодот април-јуни годинава се регистрирани 4.689 смртни случаи, што е за 0,6 отсто помалку во споредба со второто тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број починати, 10 биле доенчиња.

Разликата меѓу бројот на родени и починати лица резултирала со негативен природен прираст од -1.005. Тоа значи дека во земјава во второто тримесечје починале 1.005 лица повеќе отколку што се родиле деца.

Неповолни се и податоците за склучените бракови. Во второто тримесечје од 2026 година биле склучени 2.732 брака, што претставува намалување од 2,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во истиот период се регистрирани и 406 разведени брака.

Статистичките податоци повторно го отвораат прашањето за негативните демографски трендови во земјава, со намалување на бројот на раѓања и континуирано негативен природен прираст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни