Намалена видливост поради појава на магла, Тетово – Шипковица од 20 – 30 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во северозападните и источните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, Тетово – Шипковица од 20 – 30 метри, Страцин до 150 метри и на планинскиот превој Буково од 100 – 150 метри.

Се вчитува...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Извор: ТВ21