Индустрискиот сектор во земјава бележи намалување на бројот на вработени во првите три месеци од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Според статистиката, бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период во 2025 година, е намален за 3,3 проценти. Во март 2026 година, споредено со март 2025 година, падот изнесува 2,8 проценти.
Анализата по сектори покажува дека во март 2026 година најголемо намалување на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен, каде е забележан пад од 6,9 проценти. Во Преработувачката индустрија бројот на вработени е намален за 2,8 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентиран пораст од 0,6 проценти.
Податоците по главни индустриски групи покажуваат дека во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, намалување има кај Енергија за 2,1 проценти, Капитални производи за 3,6 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија, за 2,9 проценти.
Единствен пораст е забележан во групата Трајни производи за широка потрошувачка, каде бројот на работници е зголемен за 1 процент.
